Весли Снајдер е уапсен во Утрехт (ВИДЕО)

twitter.com/official433

Моментно снајдер ги брани боите на катарскиот тим Ал-Гарафа, тој удрил паркиран автомобил во холандскиот град, што довело до негово апсење од страна на полицијата.

На славниот фудбалер му е изречена казна и тој ќе мора да ја плати штетата на возилото. Снајдер самиот не го потврди инцидентот, коментирајќи само дека „тој не навлегува во објаснување на слични измислици”.

Инцидентот се случи по целовечерна „пијанка” во Утрехт. Пред да биде уапсен Снајдер, полицијата неколкупати ја посетила куќата каде се одржувала забавата по пријави за гласна музика.

Беше поранешна ѕвезда на Ајакс, Реал Мадрид, милански Интер, Галатасарај и Ница.

Со Реал ја освои „Ла Лига“, а со Интер Серија А, Суперкупот на Италија, ЛШ, Светското клупско првенство и двапати италијанскиот Куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот