Вештачката интелигенција е полоша отколку што мислиме – се вртат милијарди во маѓепсан круг кој може да се распадне
Меурот на вештачката интелигенција брзо расте, бидејќи технолошките гиганти се финансираат едни со други, создавајќи ризичен систем „преголем за да пропадне“. На Тикток, виралното видео на креаторот Адам предизвика дискусија за необичната финансиска динамика што се формира меѓу најголемите играчи во индустријата за вештачка интелигенција: Nvidia, OpenAI, Microsoft и Oracle.
Препорачано
Според неговото објаснување, овие компании се во еден круг на инвестиции и побарувачка, каде што парите циркулираат и создаваат впечаток за континуиран раст. Адам наведува дека Nvidia инвестира десетици милијарди долари во OpenAI, по што OpenAI склучува огромни договори во со Oracle и Microsoft.
Потоа тие компании, охрабрени од порастот на побарувачката, купуваат уште повеќе графички процесори на Nvidia – затворајќи го кругот и се чини дека сите брзо напредуваат. Критичарите предупредуваат дека овој модел може да создаде структури „преголеми за да пропаднат“, т.е. корпоративни гиганти чиј евентуален пад би имал последици еднакви на национална криза. Во средината на глобалната трка со вештачка интелигенција, особено со Кина, многумина веруваат дека американската влада ќе направи сè за да ги заштити овие компании, што отвора дополнителни прашања за ризикот, регулативата и идната форма на американската економија – пишува Каматица.


