Веселин Вујовиќ повторно на клупата на Вардар 1961?

Веселин Вујовиќ се надева дека Македонците ќе играат добар ракомет на Европското првенство/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Како што пренесува српскиот веб портал „Мондо“, без оглед дали со Борац Бања Лука ќе ја освои шампионската лига во Босна и Херцеговина, Веселин Вујовиќ ќе го напушти клубот и по третпат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар 1961, двократниот европски шампион.

Од неколку различни извори за споменатиот извор е потврдено дека Вујовиќ сигурно ќе го напушти Борац, дури и доколку биде шампион со оваа екипа, нема да го продолжи петмесечниот договор кој го потпиша по доаѓањето.

Исто така, можно е во „пакет“ заедно со Вујо да дојде и младиот ракометар на Извиѓач, Милош Кос кој е дел од кадетската репрезентација на Србија и игра на позицијата среден бек.

Тренерот на тимот од Љубушки, Тони Чолина, демантираше дека Кос ќе го напушти тимот на крајот од сезоната, велејќи дека „првпат слуша за такво нешто“ и дека сигурно ќе знае дека тоа беше вистина. Но, „каде има чад, има и оган“, индиректно потврди Нешо Зовак, член на Надзорниот одбор во клубот од Љубушки, а можеби и ненамерно откри и други важни информации.

– Го обновивме договорот со Кос пред шест месеци, па сега важи 3+1 година, тоа е проект на клубот и рано е да се зборува за негово заминување. Но, искрено не верувам во тоа. Имаше повик од Вујо, контактираше со Кос, тие ми велат дека тој го презема Вардар, дека 99 проценти сè е договорено – рече Зовак и додаде дека малку „излетал“ со тие информации.

Останува само да се види дали ваквите шпекулации ќе станат реалност, дали од следната сезона Вујо повторно ќе го води Вардар 1961, и дали клубот ќе се освежи со ново засилување.

Можеме да додадеме уште дека Вујовиќ двапати ги водеше „црвено-црните“, првпат во периодот од 2006-09 година, а вториот пат од 2011 до 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот