Венецуелска манекенка почина на 24 години поради последици од естетска операција на лицето
Венецуелската манекенка Вилевис Брито доживеала срцев удар по операција на лицето во болница во Каракас и починала на 24-годишна возраст, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Наводно, таа била подложена на максилофацијална операција каде ѝ била отстранета грутка на усната и на вилицата. Иако операцијата била успешна, подоцна имало компликации.

„Ја оперираше вилицата поради истрошеност на максилофацијалната област и мала грутка што се формирала на нивото на нејзината усна. Не го направи тоа од естетски причини, туку за здравје. Изгледаше дека е добро по операцијата, но потоа почнаа компликации“, изјавил близок извор за странските медиуми.
Покрај ангажманите поврзани со натпреварите за убавина, манекенката волонтирала во фондацијата „Симон Ла Гуаира“.
„Секогаш ќе ја паметиме Вил, по однесувањето кон оние околу неа, по внатрешната убавина, а не по круните што ги освои“, соопштија од фондацијата.
Инаку, Брито емигрирала во Аргентина пред неколку години и студирала социјални комуникации во Буенос Аирес. Работела како водителка за аргентинскиот канал за вести и Америка Тукуман.

Манекенката беше второпласирана на изборот за Мис на Венецуела во светот во 2021 година, кој се одржа во Буенос Аирес. Подоцна се врати во татковината и во 2023 година ја освои титулата кралица на спортовите во Ла Гуаир, нејзиниот роден град.
Манекенката беше погребана во средата во катедралата Свети Апостол Петар.


