Велосипедисти и моторџии со дефиле ќе ја подигнуваат свеста за безбедност во сообраќајот
Под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ денеска ќе се одржи дефиле на велосипедисти и мотоциклисти, на кое е најавено учество на преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти со цел подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Организаторите информираат дека дефилето за велосипедистите започнува во 11 часот и ќе стартува од велосипедската патека на кејот на реката Вардар кај хотел „Холидеј ин“, а мотоциклистите ќе тргнат од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во 11:30 часот. Двете групи ќе се сретнат на целната локација, на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Дефилето е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти Мото клуб „Безбедност“, „Прв до врв“ и Здружението за друмски и планински велосипедизам.
На дефилето можат да се приклучат сите кои сакаат да дадат придонес и поддршка з азголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигнување на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот и можат да се приклучат сите што


