Велика Британија планира рекордна продажба на државни должнички хартии од вредност

Земјата се соочува со огромно задолжување и буџетска дупка од нивото на Втората светска војна.

Со продажба на државни должнички хартии од вредност во висина од 275 милијарди финти за периодот април – август Велика Британија планира да го финансира својот одговор на пандемијата од коронавирусот. Ова е речиси двојно поголемо задолжување од цела претходна фискална година.

Британската влада ја зголеми емисијата на обврзници заради финансирање на наглиот скок на кредитирање, предизвикан од падот на економската активност за време на вонредните мерки наметнати поради коронавирусот.

Во соопштението на ДМО се вели дека сегашното темпо на продажба на долгови ќе трае до крајот на август, со тоа што од април до сега се собрани над 181 милијарди фунти од продажба на обврзници.

.Планирано е во првите пет месеци од финансиската година 2020/21 година да се соберат најмалку 275 милијарди фунти, што е над двојно повеќе од 136,8 милијарди фунти во фискалната 2019/20 година.

Вонредното зголемување на јавната потрошувачка и намалување на даноците, заедно со падот на даночните приходи, ќе создаде буџетска дупка од речиси 300 милијарди фунти во тековната финансиска година, соопшти ДМО, со што дефицитот ќе достигне ниво од времето на Втората светска војна.

ДМО прецизира дека планира 33 аукции на обврзници во јули и август и дека тие ќе бидат со сличен обем како во последните месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот