Велика Британија очекува најголем економски пад во последните 70 години

Централната банка на Англија вели дека ова ќе претставува најстрмен пад на економијата уште од 1.706 година.

Централната банка на Велика Британија објави извештај во кој предвидува пад на економијата на земјата од 14 проценти годинава што претставува најголем економски пад за период од една година откако се бележат овие податоци од 1949 година, вели телото за национална статистика.

Според ваквите податоци, Централната банка на Англија вели дека всушност ова ќе претставува најстрмен пад на економијата уште од 1.706 година.

Поради пандемијата Велика британија до сега забележа повеќе од 30 илјади смртни случаи и повеќе од 200 илјади случаи на инфекција. Земјата со недели е во карантин, но британските медиуми пишуваат дека првото попуштање на мерките би требало да се случи на почетокот од идната недела.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот