Велешкиот актер Јордан Витанов е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“

Фото: Википедија / NickyMKD

Велешкиот актер Јордан Витанов е добитник на наградата ,,Петре Прличко” за животно дело, која се доделува во рамките на фестивалот на комедијата „5ре” во Велес.

Во моментов 65-годишниот актер глуми во претставата „Татко“, која е на репертоарот на велешкиот театар.

Витанов десет години беше директор на Народниот театар во Велес „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а за време на неговото раководење беше изграден новиот објект на Велешкиот театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот