Полиција / илустрација

Велешанец е дрско ограбен на улица во Скопје – разбојниците му извадиле пиштол

44-годишен жител на Велес вчера пријавил во полиција дека бил ограбен во центарот на Скопје од двајца вооружени разбојници.

„Вчера во 19:22 часот во СВР Скопје, Т.М.(44) од Велес пријави дека околу 18:20 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица, кои потоа со закана со огнено оружје му одзеле пари, мобилен телефон и личен документ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот