Вечното дерби без победник, Катаи ја спаси Звезда од пораз

Вечното дерби заврши без победник/Белград, Србија/19 септември/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Големото дерби во српскиот фудбал помеѓу Партизан и Црвена звезда заврши без победник. Во 165. вечно дерби, Партизан и Црвена звезда ремизираа играјќи 1:1.

Прв поведе домаќинот Партизан уште во првото полувреме преку Натхо откако претходно „црвено-белите“ не искористија две одлични шанси за гол.


Во вториот дел, „црвено-белите“ беа подобар противник и благодарение на најдобриот стрелец Александар Катаи во 83 минута успеаја да дојдат до израмнување и да ја задржат негативата на табелата од два бода во однос на лидерот Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот