Вдовицата на Хју Хефнер открива мрачни тајни: Ги снимаше сексуалните авантури на познати личности и политичари…

Фото: EPA/DANIEL DEME

Вдовицата на Хју Хефнер, Кристал Хефнер, во своите мемоари „Кажи само добри работи: Преживување на ‘Плејбој’ и пронаоѓање себеси“ открива мрачни тајни за нејзиниот сопруг. Таа тврди дека имал инсталирано камери во неговата спална соба.

Кристал вели дека нашла „мали шпионски дупки“ во подножјето на неговиот кревет и верува дека тој ги снимал своите сексуални авантури. Кога го прашала за нив, тој само ги кренал рамениците.

„Но, за што се тие?“, го прашала Кристал.

„Снимав многу. Имав часови видеа, стотици секси-видеа“, гордо рекол тој.

Кристал, исто така, го прашала дали жените знаеле дека ги снима, на што тој објаснил дека тоа е негова спална соба и неговата куќа. Тој ѝ признал дека снимал познати личности, а имал и видеа од диви оргии, исто така со политичари и бизнис лидери, од кои некои биле во брак.

Инаку, Кристал неодамна се отвори за нејзиниот брак со Хефнер, дури седум години по неговата смрт.

„Изгледаше како свет на успех и фантазија, но морав да спијам со 80-годишен старец. Има цена. Сè има цена“, изјави таа за „Пипл“.

Исповед на Холи Медисон, поранешна зајачица на „Плејбој“: Му бевме бели робинки на Хју Хефнер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот