Вдовецот на Халина Хачинс се бакнува со нова жена, 18 месеци по убиството на снимањето на „Rust“

Фото: Профимедиа

Вдовецот на Халина Хачинс, која случајно беше застрелана од Алек Болдвин на сетот на снимањето на филмот „Rust“ беше забележан со нова девојка оваа недела во Лос Анџелес.

Продуцентот Метју Хачинс (38) сè уште го носел својот венчален прстен додека ја прегрнувал и бакнувал жената во опсерваторијата Грифит во понеделникот, осумнаесет месеци откако неговата сопруга Халина Хачинс (42) беше смртно застрелана на снимањето на филмот, на 21октомври, 2021 година во Ново Мексико.

Халина Хачинс / Фото: Fred Hayes / Getty images / Profimedia

Извори за „Њујорк пост“, ја идентификуваа новата љубов на Метју како Кејти Флин.

Според нејзиниот профил на Линкдин, Флин е координатор за видео продукција во опсерваторијата, која дипломирала метеорологија на Универзитетот во Мичиген во 2015 година.

Метју и Флин се фотографирани додека се шетале заедно во живопоисната околина на опсерваторијата и често се бакнувале и прегрнувале еден со друг. Хачинс не бил достапен за коментар во вторникот.


Веста за очигледната врска на Метју доаѓа неколку дена откако беше отфрлена кривичната пријава против Болдвин поради случајното пукање на сетот на филмот „Rust“, каде беше застрелана Халина.

Метју претходно отворено зборуваше за последиците од смртта на неговата сопруга во интервју за „Тудеј“ во февруари 2022 година.

„Идејата дека лицето што го држи пиштолот и пука не е одговорно за убиство, за мене е апсурдна“, изјавил ожалостениот сопруг за инсистирањето на Болдвин дека тој не е виновен за пукањето.

„Гледајќи го интервјуто на Болдвин за Еј-си-си, се почувствував толку лут што го гледав како зборува за нејзината смрт јавно и на толку детален начин, а потоа не прифати никаква одговорност, откако штотуку опиша како ја убил“, продолжи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот