-1 C
Скопје

Вавлукис: Сите оние кои имаат кардиоваскуларни итности, веднаш да побараат лекарска помош

Марија Вавлукис, кардиолог од УК за кардиологија во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за намалениот број пациенти, па оттаму останува нејасно дали станува збор за страв или губење на пациентите.

-Има еден парадокс со кој се соочува кардио-васкуларната заедница. Излегуваат извештаи од земјите зафатани од КОВИД-19, а тоа е дека онаа популација на пациенти која што беше најчеста, а тоа се пациентите со акутен коронарен синдром, односно пациентите со миокардни инфаркти, како да ги снемува во целата ситуација на КОВИД-19 пандемија. Па така во март и април минатата година споредено со истите месеци оваа година имаме скоро за половина намалување на бројот на болни со акутен-коронарен синдром.

Доколку минатата година на нашата клиника на месечно ниво (во март и април) биле третирани по околу стотина пациенти оваа година за март месец тоа беа 50 пациенти, а во овие три недели од април само 24 пациенти со акутен коронарен синдром. И тоа е една енигма за кардиолозите низ светот – дали навистина е помала честотата или пак ние ги губиме пациентите, затоа што се исплашени и одложуваат да бараат лекарска помош, изјави Вавлукис.

Прочитајте и...  Бројот на новозаразени и починати се намалува, во тек се преговори за 200.000 кинески вакцини

Лицата со срцеви заболувања се во поризична група доколку се соочат со инфекција од короавирусот.

-На сите е веќе познато дека први на удар се пациентите со срцева слабост и пациентите со одредени ризик фактори – артериска хипертензија и дијабетес. Тие се поподложни на другата популација. Важно е да се каже дека оние пациенти кои ќе се соочат со КОВИД-19 инфекцијата имаат многу полош клинички тек споредени со останатите пациенти без овие две заболувања. 40 до 50% е смртноста кај пациенти со кардиоваскуларна болест, додека таа е 7 до 8% кај останатите пациенти

Миокардна повреда, дефинирана како зголемено ниво на тропонин, може да се појави поради миокардна исхемија или не-исхемични миокардни процеси вклучително и миокардитис. При тешка респираторна инфекција и хипоксија, особено во услови на тежок ARDS (акутен респираторен дистрес синдром) кој се должи на COVID-19 инфекција, веројатно бројот на пациенти кои ќе развијат ваква повреда ќе биде значителен, вели Вавлукис.

Прочитајте и...  Николоски: Од наредната недела ќе собираме потписи за укинување на Законот за попис, ни требаат 10.000, очекуваме 100.000

Нивото на тропонин може да порасне и кај пациенти со бубежна слабост.

-Зголемени вредности на серумски тропонин се опишани кај многу пациенти со КОВИД-19 инфекција, со значајни разлики меѓу пациентите кои починале наспроти оние кои преживеале. Мета-анализа на 4 студии и вкупно 341 пациент, покажува стандардизираната средна разлика на срцев тропонин и нивоата меѓу оние со тешка КОВИД-19 инфекција наспроти оние со лесна и средно тешка од 25.6 ng/L со 95% CI 6.8-44.5 (45). Извештаите сугерираат дека акутна срцева повреда која вклучува не само зголемено ниво на кардијалните биомаркери > 99th перцентилната дистрибуција од URL, но и ЕКГ-рафски и ехокардиографски нарушувања – е со висока преваленца меѓу КОВИД-19 пациентите, и е асоцирана со потешка болест и полоша прогноза.

Прочитајте и...  Заев во сеќавање на Холокаустот: Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори

Кохортни студии од хоспитализирани пациенти во Кина реферираат честота од 7-17% од хоспитализираните пациенти и е значајно почеста кај пациентите третирани во ICU (22.2% vs 2.0%, p<0,001), и меѓу оние кои починале (59% vs 1%, p<0,0001) (6,8). Но, нивото на тропонин може да се зголеми и кај пациентите со бубрежна слабост поради одложена елиминација, што е често кај пациенти во напреднати стадиуми на болеста.

Во отсуство на поквалитетни податоци, хетерогеност на дефинициите во различни студии, стандардизирано собирање на податоци и методологија, се советува користење на најновата Универзална дефиниција на миокарден инфаркт, вели Вавлукис.

Поврзани вести

ВИДЕО: И покрај строгите епидемиолошки мерки со црковни ѕвона и пред илјадници луѓе, Вучиќ го откри споменикот на Стефан Немања во Белград

Слободен печат

Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Слободен печат

Заев најави изборен српски јазик во училиштата, Ковачев посакува бугарски со иронична честитка

Слободен печат

Недолични фотографии повторно кружат на интернет: „Јавна соба“ стана јавен срам

Како успеа Израел да обезбеди повеќе вакцини отколку што е потребно?

И.И.

Со години боледуваше од Кронова болест, почина пејачот Игор Пармаковски

Слободен печат

Остави Коментар