Ватикан ја доби првата жена Гувернатор

Папата Франциск и Рафаела Петрини/ Фото Twitter screenshot Tribuna Sonora

Папата Франциск ја назначи првата жена на чело на Гувернаторатот на Ватикан, сестрата Франциска Рафаела Петрини, продолжувајќи ги напорите за постигнување поголема родова еднаквост во Црквата, пренесува Ватикан Њуз.

Како генерална секретарка на Гувернаторатот, италијанската калуѓерка (52) ќе биде задолжена за надгледување на административните операции, особено на музеите на Ватикан, поштата и полицијата. Така таа ќе стане највисоко рангирана жена во најмалата земја во светот.

Според онлајн списанието Католик Нешнл Репортер (Catholic National Reporter), оваа функција традиционално ја извршувал бискуп.

Папата Франциск потсети дека жените имаат поважна улога во Католичката црква

Во јануари тој го смени законот за да им дозволи да читаат на литургии, да служат на олтарот и да се причестуваат, но не спомена дека овие измени еден ден би можеле да им дозволат на жените да бидат свештенички.

Во февруари, тој назначи жена за потсекретар на бискупскиот синод, што беше првата жена со право на глас во тело кое ги проучува важните прашања од доктрината.

Во 2016 година, папата формираше комисија со задача да ја проучува историјата на жените ѓакони за време на раните години на Католичката црква во процес што евентуално би можел да го отвори патот за жените до таа позиција денес, се надеваат реформаторите.

Но, заклучоците на таа комисија не ги исполнија очекувањата и папата го продолжи проучувањето на ова прашање за уште една година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот