Васоски: Со сплотеност на репрезентативците имаме големи шанси за финале!

Фото: EPA PHOTO EPA/GERRY PENNY/gp

Најдобрата македонска репрезентација в четврток (8 октомври) ќе ја продолжи борбата за пласман на наредното Европско првенство, а за тој историски успех ни се потребни уште две победи во рамките од првото издание на УЕФА Лигата на нации, односно Лигата „Д“.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 8 октомври ќе ги одмерат силите против Косово во полуфиналето од плеј-офот.

Доколку триумфираме на утрешниот меч, во финалето како последна пречка за учество на континенталниот собир на гостински терен ќе играме против подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Грузија и Белорусија.

Ангеловски: Овој натпревар го чекаме 30 години, фудбалерите ќе изгинат на теренот

Своето размислување околу шансите на нашите најдобри фудбалери на патот кон ЕП го сподели и тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски кој своевремено исто така ги бранеше боите на нашата најдобра А селекција.

– Еден многу важен натпревар против Косово, знаеме што значи овој момент за фудбалска Македонија, желбата на сите нас е пласман на Европското првенство. Се надеваме на тоа, но од друга страна Косово ни малку не е наивна репрезентација, ќе биде многу тешко, а сигурен сум дека тоа многу добро го знае и нашиот селектор. Со добра анализа, со сплотеност како и досега на репрезентативците мислам дека се големи шансите да се пласираме во финале, а потоа ќе видиме, да одиме чекор по чекор – ни изјави Васоски.

Веќе го стартувавме новото издание во Лигата на нации, поточно Лигата „Ц“ со домашен триумф над Ерменија (2:1) и реми на гости кај Грузија во Тбилиси (1:1).

На 11 октомври 2020 година гостуваме во Талин кај Естонија, а три дена подоцна се соочуваме со Грузија во нашиот главен град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот