Македонија и Косово ќе играат на 8 октомври, финалето кое носи виза за ЕП на 12 ноември

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација бараж натпреварот од Лигата на нации против Косово ќе го игра 8. октомври, а финалето кои носи и пласман на Европското првенство е заканажано за 12 ноември, одлучи УЕФА на денешниот состанок на Узвршниот комитет.

УЕФА на одредување на календарот работеше во последните два месеци, а причина за тоа е пандемијата на коронавирусот која го стави спортот во карантин цели три месеци. Првичниот датум за полуфиналниот дуел од Лигата на нации против Косово беше 26. март, а натпреварот требаше да се игра на Националната Арена „Тодор Проески“.

Доколку Македонија го совлада Косово во финалето на баражот на 12 ноември ќе се сретне со подобриот од натпреварот Белорусија – Грузија.

Еден месец порано, избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе стартуваат во новото издание на Лигата на Нации каде ќе играат во Ц дивизијата, а противници се селекциите на Грузија, Ерменија и Естонија.
Во септември се предвидени да се играат првите две кола од новото издание на Лигата на нации и тоа во термините 3/4/5 и 6/7/8 септември. Во октомври термините се 10/11 и 13/14, а во ноември 17 и 18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот