Вашиот нов омилен рецепт од Давор Панчевски: Сочни печива со виршла

Давор Панчевски
Давор Панчевски / Фото: Приватна архива

Вистинско уживање е кога млад човек сака да покаже што умее, што може и што сè знае да создаде. Но, уште поголемо уживање е кога несебично сака да ги сподели своите вештини. Таква е приказната на младиот готвач Давор Панчевски кој реши повторно да сподели со нас некоја вкусна тајна од неговата кујна.

Рецепт на Давор Панчевски за кремасти коцки со превкусен чоколаден фил

Давор денес споделува рецепт за сочни печива со виршла.

„Вкусен и брз оброк кој не само што се подготвува лесно, туку ќе ви стане и омилен во Вашиот дом“, вели Панчевски. „На најмалите најмногу ќе им се допадне овој рецепт, а истиот може да го послужите како мезе или како дел од трпезата за нечиј роденден“, додава тој.

Потребни состојки:

– 500 г кори за пита
– 8 виршли, пресечени на половина
– 1 јајце
– 200 мл јогурт
– 70 мл масло за јадење
– 300 г кашкавал
– 4-5 лажици сенф
– сусам за наросување

Давор Панчевски
Фото: Приватна архива

Начин на подготовка:

Во длабок сад изматете го јајцето со јогуртот и маслото за готвење. Земете една кора премачкајте ја со смесата со јогурт и превиткајте ја на половина. На долниот дел од кората премачкајте со малку сенф и ставете 1 половинка од виршла. Наросете со рендан кашкавал и превиткајте во ролат. Ролатот пресечете го на половина и парчињата тесто ставете ги во тавче обложено со хартија за печење. Повторете ја постапката со преостанатите кори и на крај премачкајте ги сите парчиња тесто со преостанатата течност. Наросете со сусам и печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.

Добар апетит и забавно готвење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот