„Вашингтон пост“ го налути Твитер со описот за ал-Багдади: „Умре Хитлер, љубител на уметноста и врвен оратор“

Фото: Профимедиа/ЕPA

Корисниците на Твитер се потсмеваа со објавата на „Вашингтон пост“, откако во неделата тие ја објавија веста за смртта на водачот на терористичката организација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади. Главната причина за реакцијата на „твитерџиите“ беше описот за Багдади на американскиот весник како „строг верски учител“.

Реномираниот весник трипати го промени текстот во веста, при што Багдади првенствено беше наречен „главен терорист“, во другата варијанта како „строг верски водач зад кормилото на Исламска држава“, а на крајот како „екстремистички водич“.

Корисниците на Твитер остро ја критикуваа втората верзија и го обвинија весникот дека го претставува Багдади во непримерно позитивно светло, имајќи ја во предвид бруталноста која ја заговараше додека ја водеше неговата терористичка организација.

Бизарниот опис ги поттикна корисниците на Твитер иронично да пишуваат твитови во кои ја објавуваат смртта на други озлогласени личности, како Адолф Хитлер и серискиот убиец Тед Банди, правејќи пародија на објавата на „Вашингтон пост“.

– Осама бин Ладен, татко на 23 деца, убен во нападот на неговиот дом.

– Адолф Хитлер, посветен љубител на уметноста, активист за права на животните и врвен оратор, почина на 56-годишна возраст.

– Тед Банди, женкар и активист за права на жените, најден мртов во неговата столица.

https://twitter.com/suzukinathie/status/1188570513981001729

-Џефри Епстајн, финансиер, филантроп и пријател на членовите на кралското семејство, почина скромно, во еднособен стан.

– Садам Хусеин, успешен политичар, нафен магнат и прочуен строг шеф, почина на 69-годишна возраст.

 

Но, Твитер не застана тука, па и понатаму се нижеа „последните поздави“ на разноразни озлогласени историски личности, а на листата се најдоа и фиктивни ликови како Волдеморт од серијалот „Хари Потер“ или Танос, главниот негативец на „Одмазниците“ на Марвел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот