Вашингтон најави национална стратегија насочена против исламофобијата

бела куќа фото МИА

Белата куќа објави национален план насочен против на исламофобијата во САД.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе работи со претставници на муслиманските здруженија, групи за застапување, членови на Конгресот и други за да се развие национална стратегија за „спротивставување на злото на исламофобијата и омразата во сите нејзини форми“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Предолго, муслиманите во Америка и оние за кои се смета дека се муслимани, како што се Арапите и Сиките, трпеа непропорционален број на напади поттикнати од омраза и други дискриминаторски инциденти“, рече Жан-Пјер.

„Сите ние жалиме за неодамнешното варварско убиство на Вадеа Ал-Фајоме, 6-годишно палестинско американско муслиманско момче и бруталниот напад врз неговата мајка во нивниот дом, близу Чикаго.

Овој потег е дел од напорите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ја зајакне и подобро да ја координира борбата против исламофобијата, антисемитизмот и сродните форми на дискриминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот