Вархељ со порака до властите во БиХ: Казнете го негирањето на најтешките злосторства

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Комесарот за проширување на Европската Унија (ЕУ), Оливер Вархељ вели дека Европската комисија (ЕК) е свесна дека неколку улици, плоштади и згради во Босна и Херцеговина се именувани по контроверзни лица, поврзани со Втората светска војна или конфликтите од 90-тите, вклучително и воени злосторници осудени од меѓународните судови.

– Комисијата ги повикува властите во БиХ за кривично да го казнат негирањето на најтешките злосторства, рече Вархељ.

Одговарајќи на прашање на француската пратеничка во Европскиот парламент Доминик Билд, во врска со улиците што ги носат имињата на истакнати членови на усташкиот режим, особено Миле Будак и Јуре Францетиќ во Мостар, но и сараевското училиште „Мустафа Бусулаџиќ”, тој потсети дека сите земји-кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ имаат обврска да го почитуваат законодавството на ЕУ и кривично да го казнуваат јавното одобрување, негирање или грубо банализирање на геноцидот, злосторствата против човештвото и воените злосторства.

Ние внимателно го следиме ова прашање. Во политичкиот дијалог со БиХ ќе продолжиме да ја повторуваме потребата од преземање конкретни чекори за промовирање средина погодна за помирување со цел да се надмине наследството на војната, рече Вархељ.

Тој додаде дека претстојната 25-годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор ќе биде можност да се размисли за прашањето за навредливите симболи во јавната сфера во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот