Вардар со рутинска победа го стартуваше турнирот во Охрид
Ракометарите на Вардар со сигурна игра го отворија турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, совладувајќи го српскиот претставник Динамо Панчево со 29-27.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Средбата започна во изедначено темпо, а Динамо во неколку наврати имаше минимално водство. Се играше гол за гол сè до резултатот 7-7, кога избраниците на новиот стратег Чупиќ го фатија ритамот и првпат поведоа со два гола разлика. Од тој момент Вардар ја презеде контролата и до крајот на натпреварот не дозволи резултатско израмнување.
На полувреме „црвено-црните“ заминаа со предност од 14-11, а во второто полувреме само го потврдија дека се подобар противник. Вардар доминираше во сите сегменти, разликата на моменти достигна и седум голови, па Динамо успеа само да го ублажи поразот во финишот.
Вардар и оваа година има амбиции за нов трофеј во Охрид, откако лани во финалето го совлада Алкалоид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
18мин
-
39мин
-
51мин
-
1час
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


