Фото: РК Вардар

Вардар со одлична завршница го скрши Тулуз и победнички ја заврши групната фаза

Вардар со одлична игра во вториот дел, особено во завршницата, успеа да го совлада Тулуз со 37-35 во последниот натпревар од групната фаза во Европската лига и да ја осигура првата позиција на табелата.

Иако „црвено-црните“ влегуваа како фаворити, остануваше неизвесно како ќе пристапат кон мечот, имајќи предвид дека резултатот не носеше значајни последици за пласманот. Почетокот беше далеку од идеален – Вардар тргна опуштено, што францускиот тим го казни со 18 погодока во првото полувреме. На паузата македонскиот претставник замина со два гола минус (18-16).

Но продолжението донесе поинаква приказна. Во второто полувреме ракометарите на Иван Чупиќ ја кренаа играта, брзо направија пресврт и во финишот ја потврдија победата. Дуелот заврши со 37-35 во корист на Вардар.

Хориха и Малус беа најпрецизни со по осум гола, а Гогов блесна меѓу стативите со 12 одбрани.

Во другиот натпревар од групата, Кристијанштад славеше над Сесвете со 28-27, што значи дека заедно со Вардар продолжува во следната фаза.

Во наредната група, Вардар и Кристијанштад ќе се соочат со Бенфика и Мелсунген.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот