РК Вардар

Вардар се разбуди во второто полувреме и освои важни бодови против Мелсунген во битката за четвртфинале

Ракометарите на Вардар 1961 славеа вечерва над германски Мелсунген во „Јане Сандански“ со 37-33 и освои важни бодови во битката за четвртфинале во ЕХФ Европската лига.

Гостите подобро го отворија натпреварот и во 13. минута поведоа со 10-4, а во неколку наврати имаа и плус шест. „Црвено-црните“ делуваа разнишано, но не дозволија резултатски бродолом, па до паузата се вратија во игра и намалија на минимални 18-19.

Во продолжението следуваше сосема поинаква слика. Тимот предводен од Иван Чупиќ заигра поцврсто во одбраната и потрпеливо во нападот. Долго време резултатот се движеше гол за гол, сè до 45. минута кога Вардар конечно фати ритам. При 28-27, скопјани врзаа три погодоци по ред и создадоа капитална предност од +4, која умешно ја сочуваа до последниот свиреж.

Во офанзивниот налет се истакнаа Јака Малус со десет и Вукашин Воркапиќ со девет погодоци, кои беа нерешлива енигма за германската одбрана.

Со оваа победа Вардар се израмни по бодови со Бенфика, а токму против португалскиот состав во следното коло ќе се води директната битка за место меѓу најдобрите осум. Скопјани ќе бркаат триумф од најмалку пет гола разлика за да го заверaт посакуваниот пласман во четвртфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот