Вардар се пишмани, го барал Писонеро назад, но доби корпа

Фото: РК Вардар

Шпанецот по само два месеци беше сменет од тренерската функција.

Шпанецот Давид Писонеро на почетокот од ракометната сезона ја доби најтешката задача, да го наследи Роберто Гарсија Парондо на клупата на Вардар. Идејата беше да се продолжи со шпански тренери на клупата на „црвено-црните“. На почетокот Писонеро бележеше добри резултати, но по убедливиот пораз од Кил на домашен терен тој беше сменет и деградиран во асистент тренер.

На негово место дојде директорот Едуард Кокшаров кој покажа дека не е дораснат за клупата на европскиот шампион, по што многу брзо стана јасно дека се бара искусно тренерско име.
Писонеро за шпанските медиуми открива дека добил понуда повторно да седне на клупата на Вардар, но без размислување го одбил предлогот.

– Ми се извинија, ми рекоа дека избрзале со одлуката и ми понудија повторно да бидам прв тренер, но јас го прекинац разговорот. Ги одбив зашто сета тоа немаше никаква смисла. Моја желба е да останам во Шпанија, воопшто да не се враќам во Скопје, но имам договор со Вардар и доколку не успеам да го раскинам во следните денови, ќе морам да одам пак во Македонија. Воопшто не сум разговарал со новиот тренер Алушовски, сметам дека нема потреба бидејќи сум сконцентриран само на заминувањето од клубот“ – истакна Писонеро.

Вардар на неколку часа пред новата година и официјално го презентира Стевче Алушовски за нов тренер на екипата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот