Вардар по крајот на полусезоната добива нов тренер

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европскиот и регионалниот шампион Вардар сезонава не му цветаат розите во Лигата на шампионите го очекуваат уште два натпревари во СЕХА лигата до крајот на година. Вардарци идниот четврток (12 декември) го пречекуваат Татран Прешов, четири дена подоцна му гостуваат на Нексе со што ќе завршат со натпревари во 2019 година. Додека во ЛШ, Вардар има пет порази во девет кола, во СЕХА лигата работите одат според планот и се наоѓа на првото место во групата А.

– Ние ја остваривме целта во СЕХА-лигата за оваа полусезона. Се пласиравме во четвртфиналето и сега сакаме да ги одиграме уште овие два натпревари и доколку може и да го обезбедиме првото место. За тоа ни требаат уште три бода, кои очекувам да ги освоиме на овие два меча – изјави тренерот Едуард Кокшаров.

Кокшаров кој во текот на сезоната го презеде водењето на првиот тим на Вардар по смената на Давид Писонеро, најави дека по завршувањето на полусезоната е можна промена на тренерската позиција.

– Прво чекаме да заврши полусезоната, па потоа планираме да седнеме со претседателот Самсоненко и да донесеме решение. Одиме скала по скала, прво да ги одиграме натпреварите кои ни остануваат, па ќе решаваме за следната полусезона – вели Кокшаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот