Вардар не дозволи изненадување и го потврди пласманот на Ф4
Екипата на РК Вардар продолжи со сигурните настапи во Куп на Македонија во ракомет и обезбеди пласман на завршниот турнир, откако во финалето од групата А го совлада РК Пелистер 2 со 27:22.
Препорачано
Само неколку часа по победата над РК Бутел, „црвено-црните“ без поголеми проблеми ја завршија и втората задача. Вардарци одиграа контролирано и без преголем притисок успеаја да го скршат отпорот на противникот, обезбедувајќи место меѓу најдобрите на турнирот.
Најефикасен во победничкиот состав беше Урош Митровиќ со шест погодоци, додека по три гола запишаа Лазаревски, Атанасовски и Кавада. Кај битолскиот тим се издвои Славков, кој беше најефикасен на натпреварот со девет погодоци.
Покрај Вардар, пласман на завршниот турнир веќе обезбеди и РК Пелистер, додека се очекува таму да им се приклучат и екипите на РК Алкалоид и РК Охрид.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
16мин
-
46мин
-
50мин
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


