Вардар ќе добие 50.000 евра за трансферот на Гурбиндо во Динамо Букурешт

Вардар ќе ја наплати „слободата“ на Гурбиндо/фото: EPA-EFE/MADS DALEGAARD

Шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо и дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во романскиот Динамо Букурешт откако во Вардар остана речиси еден месец.

Гурбиндо брзо влезе во конфликт со тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, но и како што самиот изјави, дека во Скопје не го пронашол проектот кој му бил ветуван во предоворите, по што побара да си замине од Вардар.

Управата на „црвено-црните“ му даде зелено светло за заминување на Шпанецот кој како иден клуб го одбра романскиот Динамо Букурешт каде тренер е Чави Паскал.

Според романската елевизија „Дигиспорт“ Вардар за трансферот ќе добие 50.000 евра иако на стартот од преговорите сумата која македонскиот шампион ја бараше изнесуваше 100.000 евра, додека Гурбиндо ќе потпише двегодишен договор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот