Вардар домаќин на двата осминафинални натпревари во СЕХА лигата

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар ќе имаат полесен пат кон завршницата во СЕХА Лигата бидејќи осминафиналните натпревари ќе ги играат во Скопје.
Вардарци двата натпревари против Металопластика во осминафиналето ќе ги играат во Скопје. Натпреварите против српскиот тим се закажани за 7. и 8. јуни, а победникот ќе обезбеди пласман во четртфиналето.  Првиот натпревар ќе се игра на седми јуни со почеток во 17,30 часот, а следниот ден во истиот термин ќе се одигра и вториот натпревар.
Четвртфиналните средби кои дополнително ќе бидат закажани, како и завршниот турнир ќе се играат во август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот