Фото: Screenshot/facebook.com/rkvardar

Вардар 1961 пред елиминација: Висок пораз на гостувањето против Монпеље во ЕХФ Европската лига

Денеска во првиот натпревар од четвртфиналето во ЕХФ Европската лига ракометарите на Вардар 1961 забележаа пораз од 33:23 на гостувањето во Франција против Монпеље.

Македонскиот претставник во првите 60 минути од овој двомеч беше ослабен без едни од најдобрите играчи оваа сезона, недостасуваа Јака Малус поради повреда и Дмитро Хориха поради болест.

Скопските „црвено-црни“ резултатски добро се држеа во текот на првото полувреме, на стартот три пати успеаја да израмнат, а потоа домаќините направија низа од четири погодоци за 7:3 на семафорот. До паузата Монпеље одржување константно два-три голови разлика, и по првото полувреме водеше со 12:10.

Играчите на Иван Чупиќ имаа лош старт од вториот дел, Монпеље направи серија од 6:0 и сега стоеше загрижувачки 16:10 за противникот.

А нешто подоцна францускиот претставник дојде и до највисоки „плус осум“ на мечот (19:11). Тешко се топеше предноста на Монпеље чии налети тешко се запираа, стигна и до девет голови разлика (24:15), а во финишот и за прв пат дојде и до двоцифрена предност (33:23) за поставување на конечниот епилог.

Најефикасни кај Вардар беа Митровиќ и Франциско да Силва со по шест голови, а на спротивната страна истиот учинок го имаше и Сантос Дос Монте.

Реваншот помеѓу Вардар 1961 и Монпеље ќе се игра на 5 мај со почеток од 20.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот