Вардар 1961 го игра првиот меч од четвртфиналето против Монпеље во ЕХФ Европската лига
Денеска со почеток од 20.45 часот ракометарите на Вардар 1961 ќе го играат првиот натпревар од четвртфиналето во ЕФХ Европската лига на гости во Франција против Монпеље.
Препорачано
Ова е битка меѓу два поранешни освојувачи на Лигата на шампионите, скопските „црвено-црни“ предводени од тренерот Иван Чупиќ имаат само два порази во 10 натпревари од ЕХФ Европската лига оваа сезона.
Македонскиот претставник поради освојувањето на првата позиција во главната фаза од натпреварувањето, директно обезбеди пласман во четвртфиналната фаза.
Монпеље во осминафиналето излезе како победник во двомечот против норвешкиот Елверум (36:24, 31:35).
Составот на Вардар 1961 за денешниот меч: Валах, Гогов, Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, Марчинијак, Матиаба-Тузолана, Анастасовски, Франциско да Силва, Јанковски.
Судии на натпреварот ќе бидат Естонците Марион Кул и Алвар Тинт, додека ЕХФ делегат е на Стефан Вицхум од Швајцарија.
Во другите четвртфинални дуели се среќаваат: Нексе (Хрватска) – Кил (Германија), Мелсунген (Германија) – Порто (Португалија) и Флензбург (Германија) – ТСВ Хановер Бургдорф (Германија).


