Вандализирани мермерните плочки околу спомениците Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Фото: МИА

Непознати сторители ги откорнале и ги искршиле дел од мермерните плочки околу постаментите на спомениците „Урни“ на Могилата на непобедените во Прилеп.

Мермерните плочки се откорнати, дел искршени околу три Урни. Од прилепскиот Завод и музеј веднаш го осудија овој вандалски чин.

-Ова, по се изгледа е намерен вандалски чин и најостро го осудуваме. Очигледно била потребна сила да се откорнат и да се уништат. Апелираме чуварската служба во Паркот на револуцијата да води повеќе сметка за состојбата на споменичните обележја на ова свето место. Како Музеј ќе ги преземеме сите мерки, но мора прво да се детектира состојбата, вели директорот на музејот Горан Цветкоски.

Обновата со мермерни плочки околу постаментите на спомениците – Урни на Могилата на непобедените и уредувањето на патеките и обновувањето на одредени оштетувања околу бистите на народните херои во Алејата на народните херои, што е дел од комплексот Парк на револуцијата, беше проект на Заводот и музеј од Прилеп кој заврши лани, во пресрет на националниот празник, „11 Октомври“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот