Вандализиран македонскиот клуб во Благоевград, уште неотворен

Македонскиот клуб во Благоевград, уште неотворен, беше вандализиран на почетокот на октомври / Фото: НовАсном

„Иако официјално сѐ уште не е отворен, македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград вчера бил вандализиран од страна на непознат сторители, објави здружението НовАсном, додавајќи дека според информациите од организациите на Македонците во Бугарија, вчера била извадена буквата М од називот на просториите на неотворениот клуб.

„Овој чин на вандализам е напад на меѓуетничката толеранција во Европска Бугарија, чија влада не ги осудувува ваквите акти на меѓуетничка нетрпеливост и со самото тоа се става на страната на чинителите на ваковиот вандалски чин. Од друга страна, нашата влада, мирно и кротко си молчи на агресивната етничка нетрпеливост манифестирана против Македонците во Бугарија, ефективно спроведувајќи го Бугарскиот Договор, точката 11 алинеја 5 од истиот. Со тоа, владата на земјата чие име Северна го мразиме, се става на страната на тие што ја подгреваат етничката нетрпеливост во Бугарија“ реагираат од НовАсном.

Од здружението сметаат дека „негувањето на врските со нашите роднини и пријатели од Пиринска Македонија, како и нивно помагање, е единственото решение во услови кога нашиот идентитет е нападнат по сите основи од Република Бугарија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот