„Ван Гог“ најавија нов албум: Ѓуле откри дел од текстот на новата песна

Фото: Архива на „Ван Гог“/Драган Каракаш

Бендот „Ван Гог“, кој годинава слави 38-годишнина, на 8 март за Денот на жената ќе настапи во белградското Арт Кафе Битеф. Во екот на подготовката на новиот студиски албум, членовите на популарниот бенд решија својата енергија да ја споделат со публиката со песни од сите периоди од нивната кариера.

Додека пулсираат со звукот на новиот музички пробив, фронтменот Звонимир Ѓукиќ Ѓуле истакнува дека концертот во Арт Кафето Битеф е само вовед во новата креативна фаза на бендот:

– Сè уште сме воодушевени од експериментот, таа игра на звук, ритам, светлина, движење! Според тоа, како што доликува на 8 март – Денот на жената, воАрт Кафе Битеф ќе има изненадувања. На Ван Гог како гостин на сцената, во улога на бас гитарист за оваа пригода, ќе ни се придружи нашата пријателка Ниввис (Niuvys)! Одиме понатаму, во ритамот на стих од новиот албум: Да танцуваме уште побрзо, да дишеме без страв, бидејќи животот е наш до последен здив!

По концертот, бендот се враќа во студио, каде што ја привршуваат работата на новиот албум, а до крајот на оваа година се очекува да бидат објавени нови синглови и спотови.

Членовите на бендот рекоа дека ги избираат песните така што гледаат да ја спроведат публиката низ носталгија.

– Единствената опција за создавање листа на песни беше да прелетаме низ времето во кое сонувавме, пораснавме, созревавме и го реализиравме нашиот сензибилитет. Концертите ќе бидат базирани на гитара и ќе доминираат гитарски рифови, без оние „нагоре-надолу“ амплитуди на кои се навикна нашата публика. Ги замисливме како писта од која заедно ќе полетаме во среќна иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот