Валтер: Немавме ритам, игравме премногу индивидуално против Скандерборг-Архус

Ненад Костески и Ларс Валтер со импресиите по мечот Е. Пелистер - Скандерборг Архус/фото: принтскрин/facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер загуби на стартот од новата сезона во ЕХФ Европската лига, откако во Битола со 27:30 беше совладан од данскиот Скандерборг-Архус.

Тренерот на македонскиот вицешампион, Ларс Валтер по мечот изјави дека неговите играчи имаа одличен старт, но по 20 минута како да прекинаа со играње ракомет.

– Честитки до Скандерборг-Архус за победата. Противникот одигра денеска еден добар натпревар. Бевме одлични во првите 20 минути, бевме задоволни од играта, а потоа нешто се случи понатаму, како да застанавме. Тие направија серија од 9:2, а ние игравме премногу индивидуално. Немавме ритам, имавме технички грешки, додека тие казнија со контранапади. Им дозволивме да постигнуваат премногу лесни голови. Не можеме да бидеме горди на денешниот меч, тоа мораме да го промениме во следните натпревари – изјави Валтер.

Македонското десно репрезентативно крило Ненад Костески вели дека неговиот тим направи доста технички грешки.

– Најпрвим да им ја честитам победата на гостинските играчи. Знаеме како е да се игра тука во Битола, луѓето живеат за ракометот. Се соочивме со противник кој после 20 минута беше подобар, направи голема предност, со наши доста технички грешки. Казни ривалот со брзи контри и јас мислам дека тоа е главната причина за крајниот епилог – рече Костески.

Следниот втор меч Еурофарм Пелистер во групата „Д“ ќе го има на 1 ноември во Португалија против Агуас Санташ Миланеза со почеток од 20.45 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот