Валмарт објави подобри резултати од очекуваните

Валмарт објави резултати кои беа подобри од очекуваното. Инвеститорите реагираа позитивно, поради што цената на акцијата се зголеми за околу 10 отсто.

Нивната продажба е зголемена за 9 отсто, додека клиентите доминантно купувале поевтини производи поради инфлаторните притисоци врз потрошувачкиот буџет.

Извршниот директор на Валмарт, Даг Мекмилон, во разговор со инвеститорите рече дека на нивните добри резултати влијае и почетокот на новата учебна година, како и добрите резултати во Индија.

Продажбата преку Интернет, како и рекламниот бизнис, исто така забележаа раст. Нивниот глобален рекламен бизнис порасна за 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Компанијата спомена дека тие се исто така фокусирани на зголемување на нови бизниси како што е нивниот пазар на трети страни. Финансискиот директор на компанијата Џон Дејвид Рејни укажа на фактот дека потрошувачите се повеќе обрнуваат внимание на тоа како ги трошат своите пари.

Тој истакна дека купуваат помалку месо, а како замена користат друга, поевтина храна која содржи протеини, како путер од кикирики и виршли. Исто така, чекаат попусти за да купат поскапи производи како електронски уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот