Валкани игри на Англичаните, го плашат Влаховиќ со „случајот Баџо“ и големи нереди

Душан Влаховиќ ќе ги има медицинските прегледи, па ќе следува официјален потпис со клубот од Торино/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Битката за потписот со играчот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, полеку излегува од спортските рамки откако на страната на Арсенал застана англиската медиумска машинерија.

Имено, само што „Газета дело Спорт“ објави дека Јувентус тргна во завршна офанзива по потписот со Влаховиќ и дека договорот со Фиорентина за обесштетувањето е се поизвесен, англискиот „Талкспорт“ потсети на приказната стара 30 години и на „случајот Баџо“. Имено, трансферот на Роберто Баџо од Фиорентина во Јувентус во 1990 година преидзвика голема омраза помеѓу двата града Фиренца и Торино.

Според, „Талкспорт“, Влаховиќ би требало да научи нешто од случајот на Роберто Баџо бидејќи неговиот трансфер во Јувентус предизвика нереди во Фиренца по кои 50 луѓе завршија во болница.

Англискиот медиум потсетува дека и трансферите на Федерико Бернардески во 2017 и на Федерико Киеза во 2020 година исто така од Фиорентина во Јувентус, ги разгневија навивачите на „виолетовите“.

Од друга страна, директорот на Фиорентина, Џи Бароне, изјави дека клубот не добил официјална понуда за трансфер на Душан Влаховиќ.
– Отворени сме за разговори и преговори, но сакаме Влаховиќ и неговиот агент јасно да кажат што сакаат. Тие досега такво нешто не направија – изјави Бароне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот