Уживајте во омиленото летно овошје: Најдобрите праски се бираат и чуваат со еден трик

праски лето

Златното и прво правило е никогаш да не ги стискате нектарините затоа што токму така ќе ги уништите, посочуваат одгледувачите на ова овошје. Станува збор за тоа дека тој дел од оштетеното овошје многу побрзо гние, и тоа само за неколку часа.

Тие исто така додаваат дека стискањето на овошјето нема да ви каже ништо за тоа дали е доволно зрело и квалитетно, бидејќи дури и праската која повеќе не е добра, може да биде тврда. Наместо да стискате за да проверите дали плодот е добар, побарајте ја онаа праска или нектарина која е тврда, има добра тежина и е богата со бои.

Кога ќе ги донесете дома, задолжително чувајте ги во фрижидер на местото предвидено за овошје, ставете ги во хартиено ќесе. Добро е овошјето да се покрие и со некоја проѕирна ткаенина за да се спречи распаѓањето. За да се распадне праската, потребни се околу 10 дена, а тоа можете да го забележите и според тоа како мириса.

Исто така, дека праската е скапана се гледа од тоа кога едната страна е целосно рамна и кога таа е целосно мека. Откако ќе видите дека процесот започнал, изедете ја веднаш праската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот