Боб Рајнер со Мишел, Роми, Ник и Џејк/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Ужасни детали од убиството на Роб Рајнер: Синот им ги пресекол грлата во сон, Мишел била жива кога биле пронајдени

Холивуд и целата светска јавност се во неверица откако легендарниот актер и режисер Роб Рајнер (78) и неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер (68) беа пронајдени мртви во нивниот луксузен дом во Брентвуд во неделата попладне.

Како што наведува извор близок до истрагата за „Дејли мејл“, двојката била убиена на најсуров начин – со пресекување на грлата, а постои сомнение дека биле убиени додека спиеле.

– Тој можел да го стори тоа кратко откако отишле дома, што значи дека отишол таму и им ги пресекол грлата среде ноќ. Тие биле во кревет кога се случило тоа – тврди изворот.

Еден извештај на „Шоубиз 411“ сугерира дека Мишел била сè уште жива кога била пронајдена и дека починала во возилото на брза помош на пат кон болницата откако им рекла на екипите за итна помош дека ги нападнал нивниот син.

Полицијата во Лос Анџелес набрзо го уапсила нивниот син, Ник Рајнер (32), кој е обвинет за двојно убиство на родителите.

Иако властите сè уште официјално не ги соопштуваат сите детали, документите покажуваат дека Ник е во притвор и дека првично му била одредена кауција од четири милиони долари, која подоцна била и укината, што значи дека во моментов синот е без право на ослободување со кауција додека трае судењето.

Телата на брачната двојка Рајнер ги пронашла нивната ќерка Роми (28), која живее преку улицата, откако никој не одговорал на повиците. Итните служби пристигнале на местото на настанот околу 15:30 часот по локално време, но сопружниците веќе биле мртви.

Според полицијата и неофицијалните извори, двојката последен пат била видена денот пред трагедијата на божиќната забава што ја организирал водителот Конан О’Брајан. На таа забава имало жестока расправија помеѓу Ник и неговиот татко Роб, а гостите го опишале однесувањето на неговиот син како вознемирувачко и ирационално.

Ник Рајнер веќе со години е во сенка на семејните проблеми. Тој се борел со зависност и проблеми со менталното здравје, повеќепати се лекувал и имал турбулентно минато што вклучувало повеќекратни обиди за рехабилитација. Неговите родители, како што рекле пријателите, правеле сè за да му помогнат.

По инцидентот, Ник бил уапсен во мотел во близина на Санта Моника, каде што наводно била пронајдена крв во собата, а според извори на полицијата, собата била во хаотична состојба.

Истрагата е сè уште во тек, а полициската управа на Лос Анџелес официјално го води случајот како двојно убиство.

Холивудската заедница, пријателите и соработниците на Боб и Мишел Рајнер остро реагираат на веста, изразувајќи шок и тага поради една од најпотресните трагедии во филмската индустрија во последните неколку децении.

Режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга пронајдени мртви, полицијата истражува двојно убиство

Синот на Роб Рајнер имал историја на насилство: Го уништил домот на своите родители додека бил дрогиран

Синот на Роб Рајнер e ставен под строг затворски надзор поради сомневање дека може да посегне по својот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот