Синот на Роб Рајнер e ставен под строг затворски надзор поради сомневање дека може да посегне по својот живот
Синот на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, кој е осомничен за убиство на своите родители, е ставен под посебен затворски надзор поради можноста да си го одзеде животот, пишува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Ник Рајнер (32) беше уапсен во неделата попладне пред мотелот во кој изнајмил соба претходната ноќ. Според пишувањата на американските медиуми, ноќта пред убиството тој се однесувал чудно на една божиќна забава и се скарал со своите родители.
Nick Reiner placed on suicide watch after his arrest on suspicion of murder of parents Rob and Michele Reiner https://t.co/PpFetG1ouW
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) December 16, 2025
Роб и Мишел Рајнер биле убиени во ноќта меѓу сабота и недела, а нивните тела ги пронашла нивната ќерка, која веднаш ја известила полицијата и близок семеен пријател, актерот Били Кристал.
Како што пренесува „Дејли Мејл“, Ник во затворот е под надзор на тим за ментална процена и од понеделникот е сместен во оддел за затвореници кои имаат самоубиствени мисли.
Полициските истражители сè уште собираат докази и информации за случајот.
За потсетување, режисерот и неговата сопуга починале како последица од убодни рани во вратот, а сомнежот дека нивниот син е одговорен за убиството е засилен од фактот што неговата соба во мотелот била исполнета со крв и траги од крв.
Медиумите наведуваат и дека Ник со години се лекувал од зависност од дрога, како и дека неговите родители често им раскажувале на пријателите дека се загрижени за неговото однесување.


