УЖАСНА МИРИЗБА ги вознемирило соседите – Телото на познат Србин пронајдено како се РАСПАЃА

Телото на познат српски спортски работник, Предраг Матиќ, вчера било најдено во фаза на распаѓање во неговиот стан во Параќин.

Мртвото тело на 57-годишниот маж го пронашла полицијата, која насилно влегла во станот по дојава за неподнослива миризба. Смртта, било констатирано дека настапила по природен пат, а мртвото тело се распаѓало десет дена.

– Станарите пријавија дека се шири неподнослив мирис, бев до подрумот, но ништо не открив. Кај Предраг заѕвонев на врата но никој не отвори, тропав и лупав со денови. Викнав полиција. Констатираа дека човекот умрел од инфаркт, вели еден од соседите.

Матиќ живеел сам, не бил оженет и немал деца.

Соседите биле изненадени од веста за смртта зошто тој бил релативно млад, водел здрав живот и немал проблеми со здравјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот