Ужас во Белград: Тригодишно дете загина во пожар, го оставиле да поспие додека сестричката отишла на училиште

Српска полиција/ Фото: МИА

Во белградската населба Железник, утрово се случи голема трагедија кога тригодишно дете загина во пожар. Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, мајката на детето ја однела својата постара ќерка во основно училиште, а тригодишното дете останало да спие.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, од засега непознати причини избувнал пожар во барака од 30 метри квадратни, при што детето починало на лице место. Полицијата и пожарникарите се на терен, а како што неофицијално се пишува, пожарот настанал поради неисправни електрични инсталации. Српските пожарникари биле известени во 8 часот и за четири минути биле на лице место, го локализирале пожарот, но за момчето било предоцна.

Пристигнувајќи на местото на настанот, полицајците го затекнале пожарот додека беснеел, а пожарот се проширил и на соседната зграда.

Бајруш Ајвази, дедото на малото дете, кога ги видел пламените јазици се обидел да влезе, при што се здобил со изгореници, а за жал не успеал да го спаси момчето.

Пожарот во бараката во која живеело семејството Ајвази избувнал молскавично, велат роднините, а според нив смртта на тригодишното дете е сплет на несреќни околности.

„Снаата отишла да ги носи на училиште постарите деца на возраст од 6 и 9 години. Обично таа секогаш ги водела сите, но утрово и било жал што го разбудила најмладиот, па го оставила да спие. Тука живееме сите заедно, а син ми излезе на кратко да се видиме. Никој не знае како настанал пожарот. Кога почна да гори, се обидовме да влеземе, но не успеавме. Ги изгорев рацете, но не можев да влезам. Тоа што се случи е страшно. Ќе можеме да ја изградиме куќата, но детето ни почина“, вели неутешниот Бајруш Ајвази, дедо на жртвата.

На местото на настанот е присутна и мајката на детето, која не може да се опорави од шокот. Низ населбата одекнува лелекот на роднините на починатото дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот