Ужас во Белград: Сосед до смрт избол 16-годишно девојче и ги ранил нејзините родители

Српска полиција/ Фото: МИА

Девојче родено 2007 година е убиено во белградската населба Рипањ, а три лица се ранети, дознава „Танјуг“. Како што пишува „Телеграф“, полицијата трага по С.И (38), кој е осомничен дека со нож избодел соседот, татко, мајка и им го убил детето.

– С.И добро го познаваше семејството. Во бес, влетал во нивната куќа и избезумено ги избодел. Детето е во најтешка состојба, додека таткото и мајката се борат за живот – вели изворот на „Курир“.

Според „Танјуг“, осомничениот за нападот е сосед од истата населба.

– Наводно се посомневал дека тие му фрлиле црна магија и затоа влетал во нивната куќа. Насекаде има крв, се слушаат врисоци и лелеци – вели еден жител на оваа населба.

Во тек е потрагата по осомничениот кој побегнал со црн автомобил „фолксваген поло“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот