УЖАС: Аргентински фудбалер загина за време на забава, падна од тераса

twitter/mirrorfootball

Младиот 23-годишен аргентински фудбалер Езекиел Есперон трагично загина во Буенос Аирес и тоа за време на забава. Есперон се забавувал со пријателите на терасата на шестиот спрат од зградата во која живеел, а се верува дека тој загинал откако се потпрел на оградата која попуштила под неговата тежина и се срушила. Несреќниот фудбалер починал по доаѓањето во болницата Зубизарета во Буенос Аирес.

Полицијата започна истрага, но според медиумите нема индиции дека станува збор за насилна смрт. Несреќата се случија во ноќта помеѓу недела и понеделник околу три часот по средноевропско време.

Најпознатиот клуб за кој Есперон настапувал е бразилскиот Гремио, а последен клуб во кој играше се до трагичната смрт е мексиканскиот второлигаш Аталанта. – Длабоко жалиме поради смртта на Езекиел Есперон, тој сега е прегратките на рајот“ објави Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот