„Утринско“ кафе со Лени Кравиц: Дали е горко или слатко како неговите мускули?

лени кравиц
Фото: Принтскрин / Instagram

57-годишниот музичар Лени Кравиц ги возбуди фановите и следбениците на социјалните мрежи откако ги покажа своите стомачни мускули на фотографија на својот инстаграм – профил.

На објавата на неговиот инстаграм – профил кој ги разгори коментарите Кравиц се појавува со раскопчана тигреста кошула и држи мока кафе машина во раката, откривајќи дека се буди во попладневните часови по работно помината вечер во студиото, каде после „утринското“ кафе ќе се врати повторно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

„Брате мој. Инспиративно.“ напиша актерот Двејн Џонсон попознат по својот физикус како „The Rock“

Поранешното момче на Џенифер Лопез, Алекс Родригез „АРод“ пак му напиша коментар од срце и оган „емоџи“.

Но најинтересен е коментарот кој му го напиша неговиот нов „зет“, актерот Шанинг Татум, за кој се шират гласини дека излегува со ќерката на Кравиц, Зои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

„Боже човеку! Што јадеш или што има во водата или гените. Не е природно. Дали вежбаш стомачни по цел ден?“, напиша Татум

Уште една возбудлива информација е што Лени открива дека има „три албуми на хоризонтот“.

Музичарот одамна е познат по одличната фигура, но иако ова не е прва објава од овој тип секогаш успева да предизвика бурни и инспиративни коментари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz)

Видео на денот