Утрешен „Слободен печат“: Катица Јанева не знае или не сака да ги фати Никола Тесла и Илија Громовник? - Слободен печат
Македонија

Утрешен „Слободен печат“: Катица Јанева не знае или не сака да ги фати Никола Тесла и Илија Громовник?

Нема шанси ВКонтакте да открие кој е Илија Громовник, Таа работа мора да се заврши тука, дома, кај нас, што и не е многу тешко, вели добро упатен извор за весникот.

Специјалното јавно обвинителство треба да одговори зошто, кога веќе отвори една предистрага, не успеа да добие податоци од Фејсбук и од Јутјуб. Верувајте, нема шанси ВКонтакте да открие кој е Илија Громовник. Таа работа мора да се заврши тука, дома, кај нас, што и не е многу тешко.

Ова за „Слободен печат“ го изјави добро упатен извор во компјутерскиот криминал, откако викенд изданието на неделникот „Фокус“ излезе со смела теза:

„СЈО има обезбедено голем број докази за осомничени што поседувале нелегално прислушувани разговори, со кои наводно уценувале и рекетирале бизнисмени и политичари. Обезбедени се и докази и сведочења. Неофицијалните информации говорат дека причината зошто СЈО овој предмет го држи во фаза на предистрага е дека се штити осомничен, кој се поврзува со висок владин функционер“.

И „Слободен печат“ располага со слични информации. Изворот на дневниот весник вели дека за откривањето кој стои зад псевдонимите Никола Тесла и на Илија Громовник е најважно да се открие од каде потекнуваат „бомбите“, односно кој ги дава на неовластени лица. Примарниот извор е клучен, бидејќи тој ја диригира и манипулацијата со овој материјал.

Целосниот текст може да го прочитате во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close