Струја / фото: Слободен печат

Утре ќе нема струја во повеќе градови низ Македонија – еве каде и од колку часот

На 14 април 2026 година се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе места низ земјава, вклучително и во Скопје, Куманово, Тетово, Велес, Чашка, Ресен и во неколку населени места.

Во Скопје, во општина Карпош, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат делови од улиците „Ловќенска“, „Илија Плавев“ и „Леринска“. Во реонот на Рашче, прекин ќе има од 09:00 до 16:00 часот, при што ќе бидат опфатени корисниците во селата Рашче, Копаница и Бојане. Дополнително, од 08:00 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од улицата „Боро Прцан“, во близина на училиштето „Толи Зордумис“.

Во Куманово се предвидени неколку прекини: од 08:00 до 14:30 часот на улицата „Милан Лисица“, а од 08:30 до 14:30 часот на улиците „Вук Караџиќ“, „Орце Николов“, „Франц Розман“ и „Есперанто“.

Во Тетово, од 09:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат објектите на потегот од Кожара кон Тетекс.

Во Велес, прекини од 08:30 до 14:30 часот се најавени на повеќе локации, меѓу кои ПВПП „Сан Паур Грин“ и „Сончеви Хоризонти“, како и трафостаниците Бојаджина, Штипски Пат, Чука, Караслари и Ајдар. Во општина Чашка, пак, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе биде влезот во селото Долно Јаболчиште.

Во ресенскиот и преспанскиот регион, прекини се планирани на повеќе места. Од 12:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат селата Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерени и колекторот Езерени, како и техничкиот преглед на патот кон Битола. Во истиот термин прекини се најавени и за селата Сливница, Крани, Арвати, Наколец, Штрбово, Долно Дупени, Подмочани, Грнчари, Рајца, Курбиново, Асамати и Претор. Од 13:00 до 15:30 часот без струја ќе останат и ПВПП-објектите Унеса, Одак 2, Шкорпион и Ентра Енерџи.

Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги организираат своите обврски според најавените прекини.

Ќе поевтини ли храната после Велигден?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот