Успешна година за Спасиќ, првиот Македонец кој го освои Европскиот куп! (ВИДЕО)

Не се заборава фантастичниот успех на македонскиот кајакар, го потврди првото место во генералниот пласман во Европскиот куп (спуст на диви води) за 2019 во конкуренција на над 200 кајакари од 17 земји со освоени 333 бодови.

Љубомир Спасиќ ја започна 2019 година со шест изборни натпревари во месец март од кои три натпревари се одржаа во класик возење на 5 километри, додека останатите три настапи во спринт на 300 метри на кои беше апсолутен победник со освојување на шест први места.

Во месец април ги започна и меѓународните настапи на три Европски куп натпревари првиот се одржа во Македонија каде што во финалето беше шестопласиран, потоа следуваше настап во Словенија каде се пласираше во финале и пласман на деветто место како и настапот на олимписката патека во Германија на третото коло од Европските куп натпревари со пласман на седмо место во финалниот настап.

Подоцна во месец мај беше дел од Европското првенство во Словенија каде што во својот настап во спринт возењето се пласираше на 23. место и 29. место во класик. Во јуни учествуваше на четвртото коло од Европските куп натпревари во Шпанија каде што се пласираше на 24 место.

Јули му беше така подинамичен месец покрај настапот на петтото коло од Европскиот куп и пласманот на петто место во финале имаше ангажман од страна на Кајакарската Федерација на Македонија беше повикан како водач на пат и селектор на нашата репрезентација за Светското првенство во Бања Лука за јуниори и млади сениори до 23 години.

Во август настапи на финалниот натпревар од Европскиот куп во Чешка и стана првиот македонски кајакар кој успеал да го освои Европскиот куп во спуст дисциплината. Му претстоеја настапи на СП во Шпанија со пласман на 21. место поединечно како и осмопласиран во тимско возење како и настап на регата Младост со пласман на првото место.

На крај му преостанаа настапите на државното првенство во класик каде ја освои првата позиција и спринт второпласиран, како и учеството на 13-от Ноемвриски спуст натпревар каде што се пласирав на првото место.

– Со оглед на вака долгата сезона и променливата форма која мораше да се темпира за натпреварите кои ми беа приоритетни јас лично сум задоволен од досегашните настапи и постигнати резултати. Веќе сум фокусиран на настапите кои ќе ми претстојат во 2020 година за кои повеќе од месец дена започнав да се подготвувам и за кои правам анализи и планови кои од нив ќе бидат приоритетни за да ја истемпирам формата на што е можна повисока подготвеност – ни изјави Спасиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот