Уште едно шокантно обвинение за Диди: Раперот ја држел жртвата да виси од балкон на 17 кат и ѝ се заканувал
Раперот Шон Комбс, попознат како Диди, од септември годинава е во притвор поради рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дејствија поврзани со проституција. Диди е обвинет и за сексуална злоупотреба и силување.
Препорачано
Сега, контроверзниот рапер се соочува со ново обвинение поднесено на 27 ноември од модната дизајнерка Брајана „Бана“ Бонголан.
Како што пишува „Пипл“, таа поднела тужба од 17 страници до Врховниот суд во Лос Анџелес, во која го обвинува Комбс дека во напад на бес ја пуштил да виси од балкон на 17 кат. Наводно, тој потоа ѝ се заканил дека ќе ја убие, а потоа интервенирала неговата тогашна девојка Кеси Вентура и ја спасила.
„Единствената причина зошто некој би оставил некого да виси од балкон е ако навистина сака да го убие или намерно да го тероризира лицето и да му ја одземе секаква контрола врз сопствената телесна автономија и безбедност“, се наведува меѓу другото во тужбата.
Дизајнерката бара отштета, наводно поголема од 10 милиони долари. Како што тврди таа, инцидентот наводно се случил на 16 септември 2016 година, за време на една од познатите забави на Диди. Потоа, наводно, ја држел да виси над балконот на 17-ти кат додека Кеси не интервенирала.
„Ја подигна преку балконот на 17-тиот кат од станот на г-ѓа Вентура, а само стисокот на Комбс го спречи нејзиното тело да не падне и да умре. Препознавајќи ја опасноста од многу сведоци на неговиот напад, Комбс ја повлече г-ѓа Бонголан назад. Но, тој не ја ослободи. Во последниот излив на насилство тој ја фрли госпоѓа Бонголан на мебелот на терасата на балконот, вклучувајќи ја и масата“, се додава во тужбата.
Семејството на Диди дојде во судот: Раперот трет пат се обиде да плати кауција од 50 милиони долари


