УШТЕ ЕДНО „НЕ“ ЗА ЏОНСОН: Одбиено барањето за ново гласање во паралментот за договорот за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон/ Фото: Архива на Слободен печат

Претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Берко, соопшти дека владата не може да бара од пратениците повторно да се гласа за договор за Брегзит.

Ова е уште еден удар за британскиот премиер Борис Џонсон, кој имаше за цел да ја извади земјата од ЕУ до крајот на месецот, констатира агенцијата АП.

Берко, образложувајќи ја одлуката, изјави дека гласањето кое владата го бара „во суштина е исто“ како и она кое веќе е одржано во саботата, па во тој случај само би се прекршиле правата на парламентот.

Поради тоа, како што рекол, не може да дозволи денеска повторно да се гласа.

Џонсон побара ново директно гласање за договорот за Брегзит, два дена откако пратениците се изјаснија за одложување на гласањето, со цел повторно да ја разгледат опцијата за изгласување на новиот договор.

Парламентарните правила генерално забрануваат иста мерка два пати да биде разгледувана на исто заседание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот