Фото: МВР

Уште една директорка со лажна диплома по англиски јазик, овојпат откриена во Делчево

Уште еден случај со лажен сертификат за англиски јазик злоупотребен за директорска функција. Овојпат се работи за директорка во средно училиште во Делчево, која во документацијата доставила фалсификуван тест по англиски јазик.

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против директорката Д.Ц.(53) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

„Пријавената, на 1.6.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на англиски јазик од Бугарија и на 29.6.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево.

Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа да биде избрана за директор. Врз основа на доставениот предлог, на 12.7.2023 градоначалникот на општина Делчево изготвил решение со кое пријавената била избрана за директор на училиштето“ соопшти МВР.

Кривична за двајца директори на училишта од М. Каменица, аплицирале со лажни сертификати за англиски јазик

Македонија преплавена со лажни ТОЕФЛ сертификати од „Јулија“ Бугарија – клиентите имаат директорски апетити!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот